Бугарија

Бојко Борисов ќе мора да прави коалиција

06.10.2014 16:52

По изборите останува неизвесна новата бугарска влада. Централнодесничарската ГЕРБ победи на предвремените избори со повеќе од двојно од гласовите на главниот ривал, Бугарската социјалистичка партија, но не освои мнозинство. Од врвот на партијата велат дека се подготвени на „секој ризик“.

„Подготвен сум да направам се што е неопходно за избегнување на најлошото сценарио. Тие што не постигнаа добри резултати треба да ги проценат, но тоа да им биде поттик и да обезбедат стабилност“, рече Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ.

Ако биде формирана, ова ќе биде петтата бугарска влада за само две години. ГЕРБ ќе мора да коалицира, иако пред изборите бараше гласови за да не го прави тоа. Експертите предвидуваат нова несигурна алијанса која ќе треба да се справи со економската криза. Ако не успеат преговорите, може да се очекуваат уште едни избори, по кои, како што изјави Борисов, нема да остане ништо што би ја одржало земјата.

„Нема да ја избегнеме одговорноста да формираме влада, но истовремено нема да учествуваме во влада по секоја цена“, рече Томислав Дончев, пратеник од ГЕРБ.

„Нема да преговараме за личности и функции, туку за поддршка на одредени политики“, рече Румијана Башварова, член на ГЕРБ.

Борисов беше премиер на Бугарија од 2009 година до почетокот на 2013, кога поднесе оставка поради големите протести против сиромаштијата и високата цена на енергенсите. Социјалистите по него исто така си дадоа оставка поради секојдневни протести против сиромаштијата, корупцијата, банкарската криза и смртоносните поплави. Од август земјата ја водеше преодна влада. Излезноста на овие избори беше под 50 проценти, најниска во изминатите 25 години, од смената на комунистичкиот режим во Бугарија.

Ивана Салтировска