Статистика

Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни гостите од Турција

12.11.2026 10:20

Македонија во септември годинава ја посетиле 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем број странски гости пристигнале од Турција.

Македонија во септември годинава ја посетиле 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем број странски гости пристигнале од Турција.

Од вкупниот број туристи, три четвртини биле странци, односно 75,1 процент, додека домашните туристи учествувале со 24,9 проценти.

Туристите од Турција се убедливо најбројни, со 27.933 посетители во септември. На второ место се туристите од Србија со 8.358, по што следуваат Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Странските гости оствариле 66,2 проценти од сите ноќевања, додека домашните туристи учествувале со 33,8 проценти.

Податоците покажуваат дека туризмот во Македонија бележи раст и на годишно ниво. Во првите девет месеци од 2026 година, бројот на туристи е зголемен за три проценти во споредба со истиот период лани. Домашните туристи се побројни за 2,8 проценти, а странските за три проценти.

Истовремено, вкупниот број ноќевања пораснал за 3,5 проценти, при што странските туристи оствариле 4,6 проценти повеќе ноќевања, а домашните 2,4 проценти.

Според податоците Македонија привлекува сè повеќе туристи, а странските посетители имаат значајна улога во растот на домашниот туризам.