Шпанија
Нереди во Барселона и Мадрид, демонстранти се судрија со полицијата
12.11.2026 09:39
Судири избија во Барселона и Мадрид за време на првиот генерален штрајк во Шпанија по 14 години...

Судири избија во Барселона и Мадрид за време на првиот генерален штрајк во Шпанија по 14 години. Во Барселона маскирани лица палеа контејнери и кршеа излози, додека во Мадрид демонстранти се судрија со полицијата. Уапсени се над 100 лица.
Штрајкот, организиран поради станбената криза и високите трошоци за живот, предизвика сериозни нарушувања во транспортот и јавните услуги низ земјата.
