Дурмиши во посета на „Киел Македонија“: Нови инвестиции, проширување на производството и можности за нови вработувања
Дурмиши, денеска ја посети компанијата „Киел Македонија“ во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, каде што се запозна со производствените капацитети, новите инвестиции и плановите за понатамошно проширување на дејноста и отворање нови работни места.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја посети компанијата „Киел Македонија“ во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, каде што се запозна со производствените капацитети, новите инвестиции и плановите за понатамошно проширување на дејноста и отворање нови работни места.
„Киел Македонија“, која е дел од германската Киел Групација, работи во земјава од 2017 година и денес вработува околу 190 лица во двата производствени капацитета во Тетово и Желино. Компанијата континуирано го проширува производството, а досегашните инвестиции во постојниот објект во ТИРЗ Тетово надминуваат 11 милиони евра.
Во фокусот на посетата беше новата целосно автоматизирана линија за прашкасто фарбање на метални компоненти, инвестиција вредна околу 1,5 милиони евра, која се наоѓа во завршна фаза на тестирање пред започнувањето на редовното производство.
