Исплата на плати и придонеси

12.11.2026 13:45

Се проширува пристапот до средствата во Алта банка. Од денеска се овозможува исплата на плати и придонеси, како и можностите за електронско и мобилно банкарство.

Ново олеснување за клиентите на Алта банка. Од денеска фирмите ќе можат да исплаќаат плати и придонеси, а треба да работи и електронското и мобилното банкарство. Мерката се однесува на фирмите за кои исплатата на плати била редовна практика во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Дозволениот износ за исплата може да биде до 5% повисок од вкупната сума на исплатени плати во октомври. Со ова се овозможува продолжување на редовните исплати кон вработените и подмирување на обврските кон државата, додека Народна банка ја задржува контролата врз одливот на средства од банката.

Она што ја олеснува процедурата е повторно отворената експозитура на Алта банка во скопски Аеродром. Граѓаните можат да подигнуваат готовина на шалтер, во рамките на утврдените ограничувања.

И од Министерството за финансии и Народна банка уверуваат дека случајот со Алта банка нема никаква закана за финансиската стабилност на државата и нема ризик од губење државни средства.

За расплетот, од Народна банка велат дека за продажба на акциите, мора да има рок за нивно оттуѓување од акционерот, односно стечајниот управник, а потоа овластување за продажба.

Администраторите, пак, имаат обврска за 21 ден да ја утврдат состојбата и да достават извештај.

 

Борис Грујоски