Македонија

Нови спортски реквизити во Карпош

12.11.2026 19:34

Учениците во основните училишта во Карпош ќе добијат нови можности за спорт и рекреација. Општината набави текбол-маси, кои овозможуваат играње повеќе спортови, со цел поттикнување на физичката активност и развивање здрави навики кај најмладите.

Учениците во основните училишта во Општина Карпош ќе добијат нова можност за спорт и рекреација со новите текбол-маси. Овие спортски реквизити се погодни за играње и пинг-понг и одбојка.

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека општината ќе вложува и натаму во развојот на спортската инфраструктура и во набавката на спортски реквизити кои им се потребни на најмладите за нивниот психофизички развој.

Љубовта кон спортот се гради од најмала возраст, а на децата треба да им се обезбедат услови за развивање на нивните таленти и усвојување здрави животни навики, посочија надлежните од општината.

Игор Панов