Македонија

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

12.11.2026 17:43

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот...

Скопје и оваа година им се поклони на спортските херои на 57. традиционално доделување на наградите „13 Ноември“. Епитетот најдобар спортист заслужено отиде во рацете на каратистот Матеј Белистојаноски, кој годинава блесна со златни медали на Европското првенство во Лимасол, Медитеранските игри и Серија А во Тбилиси.

Највисокото признание, наградата за животно дело, му припадна на легендарниот кошаркарски тренер Марин Докузовски.
 
За наградата „13 Ноември“ нема конкурс, Сојузот на спортови ги избра оние што оставаат траен печат со врвните спортски достигнувања.
 
Посебно признание за подвиг на годината доби спелеонуркачкиот клуб „Врело“, чија експедиција неодамна постави светски рекорди во најдлабоко нуркање. Беа наградени и селекторот на карате-репрезентацијата Александар Кузмановски, меѓународните ракометни судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, професорот Дејан Боневски, спортската работничка Ирена Митровска и новинарот Сашо Кузмановски.
 
Ана Јосифоска