Македонија бележи пад на стапката на убиства
Сите убиства регистрирани од јануари до октомври годинава се расветлени, информираат од МВР. Шест од случаите се извршени при семејно насилство. Според Евростат, во 2024 година стапката на убиства во земјава изнесувала 1,1 на 100 илјади жители.

Во 2024-та во Македонија стапката на убиства, регистрирани од полицијата, била 1,10 на 100 илјади жители. Според податоците на Евростат, од земјите во регионот повеќе убиства имало во Црна Гора речиси две убиства и во Бугарија, 1,23 на 100 илјади жители. Во Србија пак, стапката е нешто под едно убиство.
Земјите од Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија- 2,63, а по неа се Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка е регистрирана во Луксембург, пред Италија и Чешка. Во 2025-та се регистрирани 24 убиства, едно е од небрежност, а шест се извршени при семејно насилство. Од МВР велат дека за период од 10 месеци од годинава има намалување од 36 проценти во однос на лани.
„По преземени мерки, расветлени се 23 убиства за што мерки на кривичен прогон се преземени против 32 лица (од нив седум лица се пријавени за соизвршителство). Во периодот јануари-октомври 2026 година, регистрирани се 12 убиства кои бележат намалување за 36% во однос на ланскиот период. Шест убиства се при семејно насилство. По преземени мерки, расветлени се сите убиства, а за регистрираните кривични дела пријавени се 13 лица“, изјави Гоце Андреевски, началник во Одделот за односи со јавноста.
Едно од најтешките и најшокантните злосторства во поновата историја на Македонија во изминатите години е двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес од крајот на 2023 година. Лани во јуни Кривичниот суд на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо и соучесниците Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев им одреди доживотен затвор, а Апелација пресудата ја потврди во јули година.
Меѓу поновите случаи кои предизвикаа големи јавни револти и протести е и убиството кај Богданци на 17-годишната Билјана Кириќ. Нејзиното тело беше најдено во запален автомобил, а 21-годишното момче се самоубило.
Милчо Велески
