Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
13.11.2026 08:25
. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час...

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.
