Театар

„Црно злато“ во режија на Слободан Унковски премиерно на 27 ноември во МНТ

13.11.2026 12:51

Новиот драмски текст на Дејан Дуковски, кој ја обработува темата на општествената и семејната транзиција, ќе биде поставен на сцената на Македонскиот народен театар. Во актерската екипа се Мими Таневска, Јовица Михајловски, Камка Тоциновски, Сашко Коцев и Гораст Цветковски.

Претставата „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, премиерно ќе биде изведена на 27 ноември на сцената на Македонскиот народен театар.

Делото ја истражува темата на општествената и семејната транзиција, преку препознатливиот драмски израз на Дуковски. Во актерската екипа се Мими Таневска, Јовица Михајловски, Камка Тоциновски, Григор Јовановски, Нела Павловска, Сашко Коцев, Софија Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.

Сценографијата е на Бранко Хојник, костимографијата на Александар Ношпал, а музиката на Златко Ориѓански.

По премиерата, „Црно злато“ ќе има изведби и на 1, 4 и 29 декември.

Станува збор за нов драмски текст на Дуковски, кој својата праизведба ја имаше во март годинава во Белградскиот драмски театар, во режија на Оливер Фрљиќ.