Уставен суд

Уставните судови за владеењето на правото

13.11.2026 10:53

Претседатели на уставни судови, претставници на европските институции и правни експерти од повеќе земји во Охрид на Меѓународна конференција за владеењето на правото.

Во Охрид почна Mеѓународната конференција за владеењето на правото и улогата на уставните судови. Настанот се одржува во рамките на четвртиот годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови.

Освен претседатели на највисоките судови, на конференцијата има и претставници на европските институции, како и правни експерти од повеќе земји. Дискусиите се посветени на довербата на граѓаните во уставното судство, дигиталните предизвици и заштитата на уставните права.