САД ќе ги проверуваат од ебола патниците од Западна Африка

06.10.2014 19:27

САД планираат да воведат проверка за ебола на аеродромите на патниците што доаѓаат од Западна Африка. Откако бројот на заболени се искачи на пет, кога во болница во Небраска пристигна заразениот камерман на Ен-Би Си, американските здравствени власти се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот. Од болница во Франција е излезе сестрата од Лекари без граници која се зарази во Либерија.

„Ова не е победа, туку олеснување. Ќе биде победа кога ќе имаме вакцини за сестрите и тимовите, за да бидат заштитени додека му помагаат на населението“, рече Стефан Роке, директор на Лекари без граници.