МВР

Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

13.11.2026 11:21

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во с. Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.А.(56) од селото, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.