Иран

Танкер за гас налета на мина во Ормускиот теснец

13.11.2026 14:08

Според информациите пловилата ги игнорирале предупредувањата и навлегле во зони што Иран ги смета за забранети.

Иран објави дека 4 танкери за нафта биле погодени од експлозии во Ормускиот премин, кој е од клучно значење за глобалниот поморски сообраќај. Според информациите пловилата ги игнорирале предупредувањата и навлегле во зони што Иран ги смета за забранети.

Нападите врз танкерите во теснецот продолжуваат, и покрај заживувањето на поморскиот сообраќај и очекувањата за намалување на тензиите меѓу САД, Израел и Иран – тренд што придонесе и за пад на цените на нафтата.