Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Вчера во 20:35 часот во с. Чегране, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Х.С.(26) од с. Чегране, соопштија од МВР.
При преглед во патничко возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За време на преземањето на службените дејствија, пред домот на Х.С., со патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки се доближиле В.Ч.(24) и А.Н.(35), двајцата од с. Чегране, при што со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им упатиле закани по животот, по што побегнале, но набргу, по преземени мерки, пронајдени се и лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави, се наведува во соопштението.
