Европа
Одобрени мерки за ублажување на станбената криза во Шпанија
13.11.2026 15:00
Сепак, иднината на мерките ќе зависи од исходот на парламентарните избори на 29 ноември...

Шпанскиот парламент усвои пакет мерки за заштита на станарите од иселување и за ограничување на шпекулациите со недвижности, по генералниот штрајк поради високите цени на становите земјата. Сепак, иднината на мерките ќе зависи од исходот на парламентарните избори на 29 ноември. Владата на премиерот Педро Санчез претходно се обиде да ги усвои мерките во октомври, откако јавноста се вознемири поради иселувањето на 87-годишна жена во Мадрид.
Тогаш народната партија и другите конзервативни партии ги блокираа предлозите во парламентот, по што Санчес распиша предвремени избори.
