Култура

„Меѓу насмевките и солзите“ – концерт на Soundscape Trio на „Есенски музички свечености“

13.11.2026 20:46

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 16 ноември со концертот „Меѓу насмевките и солзите“ на камерниот состав Soundscape Trio. Настапот ќе се одржи во Салонот 19'19 при Културно-информативниот центар во Скопје, со почеток во 20 часот.

Камерниот состав Soundscape Trio ќе настапи на 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ со концертот насловен „Меѓу насмевките и солзите“.

Концертот е закажан за понеделник, 16 ноември, во 20 часот, во Салонот 19'19 при Културно-информативниот центар во Скопје.

Триото го сочинуваат кларинетистот Андрија Минчиќ, фаготистот Тадија Минчиќ и пијанистот Никола Цветковиќ. Тројцата уметници ги обединува посветеноста на камерната музика и истражувањето на нејзините различни звучни и изразни можности.

Нивната уметничка препознатливост се темели на спојот на индивидуалните изведувачки квалитети, камерната комуникација и богатото меѓународно концертно искуство.

Членовите на Soundscape Trio имаат настапувано во повеќе европски земји, како и во САД, Канада и Азија, соработувајќи со реномирани оркестри и музички институции. Нивната активност опфаќа солистички и камерни изведби, а дел од нив се посветени и на педагошката работа.

Билетите за концертот се достапни преку интернет-страницата karti.com.mk.