Грчка европратеничка за Македонија
Грчката европратеничка Марија Елени Копа не верува дека повторното недобивање датум за преговори за членство ќе предизвика...

Грчката европратеничка Марија Елени Копа не верува дека повторното недобивање датум за преговори за членство ќе предизвика „свртување на Македонија од Европската унија“ , зашто земјата е тесно поврзана со Унијата. Грчката европратеничка Марија Елени Копа, која во Европскиот парламент беше известувач за стратегијата за проширување на Европската унија, фактот дека на декемврискиот самит на ЕУ не ѝ беше доделен датум за почеток на преговорите на Македонија го објаснува со предизборниот период во кој се наоѓаат европските институции. „Се надевам дека 2014 година нема да биде „мртов период“ и дека сепак ќе биде направен чекор напред“, вели Копа во интервју за Дојче веле. На прашањето на германскиот медиум, зошто Грција е толку непопустлива и не и дозволува на Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, таа одговори: „Тоа е поради прашањето за името . Ние сакаме јасна позиција и само потоа ќе бидеме подготвени да дискутираме“.
