Голем интерес за отпис на долговите - 33.200 граѓани поднеле барање

06.10.2014 19:39

Голем интерес за проектот отпис на долговите. Досега пристигнати околу 33 200 барања вели вицепремиерот Зоран Ставрески во интервјуто за емисијата „Бизнис 365“ која ќе се емитува вечерва по вториот Дневник на МТВ.  Рокот за поднесување на барања истекува на 13 октомври.

„Заклучно со вчерашниот ден 33.200 барања се поднесени во цела Република Македонија. Во сите градови има голем интерес, најмногу во Скопје и во другите градови, Прилеп, Тетово, Битола, Штип, секаде низ цела Република Македонија имаме голем број на граѓани што се заинтересирани за проектот и веќе имаат поднесено барање и очекуваме и во следниот период да биде така“, вели Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

На прашањето кои долгови се се отпишуваат, Ставрески вели дека „се отпишуваат долговите што се, заклучно со 31 декември 2013 година направени, а се однесуваат на електрична енергија, долгови кон МРТ за радиодифузна такса и долгови кон банките направени врз однова на негативни салда на тековни сметки, потрошувачки кредити или картички, како и долговите за парно.“