Регион

Силно ураганско невреме со ветрови до 110 км на час ја зафати Бугарија

13.11.2026 14:44

Неколку села во општината останаа без електрична енергија, а пријавени се десетици паднати дрвја и оштетени автомобили. Десетици инциденти се пријавени и во главниот град, Софија...

Силни ветрови со ураганска јачина над 110 км на час и температури до 25 степени целзиусови во ноември доведоа до прогласување вонредна состојба во Враца, во северозападниот дел на Бугарија.

Неколку села во општината останаа без електрична енергија, а пријавени се десетици паднати дрвја и оштетени автомобили. Десетици инциденти се пријавени и во главниот град, Софија. Во главниот град се примени повеќе од 300 пријави за паднати дрвја, огради и сообраќајни знаци. Откинати метални покривни елементи, гранки, скршено стакло, огради и скинати кабли се дел од последиците на силните ветрови во софија.

Приоритет се дава на расчистување на централните градски подрачја, како и на просторите околу градинките и училиштата. Предупредувањата за опасни ветрови остануваат на сила до крајот на денот.