Прометот во индустријата во септември зголемен за 5,4 проценти на годишно ниво
Вкупниот промет во индустријата во септември годинава е зголемен за 5,4 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Раст е регистриран и на домашниот и на странските пазари, додека во однос на август прометот бележи месечен раст од 25,1 процент.

Раст на прометот во индустријата во септември годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет е зголемен за 5,4 проценти во споредба со септември минатата година.
Анализирано според главните индустриски групи, најголем раст од 9,1 процент е забележан кај капиталните производи. Кај интермедијарните производи, освен енергијата, растот изнесува 3,6 проценти, а кај нетрајните производи за широка потрошувачка 2,4 проценти. Пад од 3 проценти е регистриран кај трајните производи за широка потрошувачка.
Во споредба со август 2026 година, прометот во индустријата е зголемен за 25,1 процент, додека во првите девет месеци годинава, во однос на истиот период лани, растот изнесува 3,3 проценти.
Раст е забележан и на домашниот и на странските пазари. На домашниот пазар прометот во септември е зголемен за 5,5 проценти на годишно ниво, а на странските пазари за 5,6 проценти.
Во периодот јануари – септември, прометот на домашниот пазар е зголемен за 4,1 процент, додека на странските пазари за 3,4 проценти.
Најголемо влијание врз растот на вкупниот индустриски промет во септември имале производството на прехранбени производи, со 0,8 проценти, производството на електрична опрема со 4,7 проценти и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 19,5 проценти.
