УХМР: Променливо облачно време со дожд во текот на викендот
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавува УХМР за претстојниот викенд. Ќе дува северен ветер, повремено засилен долж Повардарието. Од почетокот на следната недела ќе има сончеви периоди, а во средината на седмицата се очекуваат пообилни врнежи, особено во западните делови од земјава.

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во текот на викендот. Според прогнозата на УХМР, утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Слично време се очекува и во недела, кога во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд.
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во средината на седмицата се најавуваат пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури утре ќе се движат од 8 до 13, а дневните од 10 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 13 степени.
Во недела максималната температура ќе достигне 13 степени, во понеделник 15, а во вторник 18 степени.
