По октривањето на женскиот труп, ќе се бара ДНК примерок од родителите на Дениса Маркоска
Ќе се бара ДНК примерок од родителите на Дениса Маркоска за да се спореди со ДНК анализата на женскиот труп кој во саботата беше пронајден во близина на северозападниот дел на грчкиот остров Карпатос во Егејското море.
Ова се последните информации кои ги добивме од МНР, од каде велат дека грчката крајбрежна служба, од Агиос Николаос, во дописот кој го доставила до македонските власти, наведува дека според според пронајдената облеката и описот на трупот, тој одговарал со описот на Дениса и облеката која таа ја носела на денот на исчезнувањето.

Таткото на Дениса, Кирил Маркоски, револтиран на шпекулациите во медиумите, вели дека досега ниту една институција не го известила за ништо. Инаку трупот, кој беше пронајден во близина на местото каде на 12 септември исчезна Дениса, сега е предаден на обдукција во судската медицина на островот Родос.
Засега со сигурност ништо не може да се утврди, затоа што трупот бил во напредна фаза на распаѓање. Подетални информации околу идентитетот на пронајдената девојка се очекуваат со испитувањето на ДНК анализата на телото.
Инаку Маркоска мистериозно исчезна од бродот Серенисима, на кој таа работела, додека тој пловел помеѓу островите Родос и Крит. Последен пат на бродската палуба била видена во 2.30 часот утрината како пуши цигара, а дека ја нема на бродот било откриено во 5 часот. Од тогаш па се до денес на Дениса и се губи секаква трага.
Подетални информации за овој случај се очекуваат во наредните денови.
Дарко Штаргоски