Влада

Мицкоски: Владата е стабилна, имаме мнозинство во Собранието

13.11.2026 16:47

Владата е стабилна, нема политички недоразбирања со „Вреди“ и со ЗНАМ, уверува премиерот Мицкоски. Во декември ќе се одржи лидерска на владините коалициски партнери. Реконструкцијата на вториот и третиот ешалон се очекува да заврши до крајот на ноември…

Владата е стабилна, имаме мнозинство во Собранието, продолжуваме да го испорачуваме ветеното за граѓаните, одговори премиерот Мицкоски. Во декември ќе има лидерска средба на владините коалициски партнери.

Шефот на Владата потврди дека разговарал со лидерот на ЗНАМ, Димитриевски за неговите ставови за полагањето на правосудниот испит, посочувајќи дека за тоа треба да се праша лично тој. Мицкоски тврди дека изборите во Брвеница не влијаат врз договорот со ВРЕДИ за позициите во извршната власт. Реконструкцијата на вториот и третиот ешалон се очекува да заврши до крајот на ноември.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера на редовна седница на Извршниот комитет на партијата, ги информирал своите сопартијци за средбата што ја остварил со раководството на ВРЕДИ.

Со членовите на Извршниот, Мицкоски разговарал и за случајот со Алта банка, при што заклучиле дека опозицијата дејствува во насока на рушење на банката и оштетување на граѓаните, а дека институциите дејствуваат во насока на изнаоѓање решение.

Пратеникот Љупчо Пренџов избран за заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а била донесоа и одлука за теренска агенда на координаторите од извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.

Милчо Велески