Економија

Во Собранието дебата за Предлог-буџетот за 2027 година

13.11.2026 17:23

Во Собранието дебата за Предлог-буџетот за 2027 година. Министерката за финансии уверува дека буџетот е насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст...

Предлог-буџетот за 2027 тежок 7,2 милијарди евра влезе во Собрание. За капитални инвестиции се планирани 663 милиони евра, за пензии околу 2 милијарди евра, за здравствена заштита 954 милиони евра, а за плати во јавниот сектор приближно 930 милиони евра. Буџетскиот дефицит е предвиден на 731 милион евра, односно 3,5% од БДП. Министерката за финансии уверува дека буџетот е насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст.

За покривање на дефицитот и отплата на долговите, државата ќе се задолжува на домашниот и меѓународниот пазар. Покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, ќе мора да обезбеди средства и за обврските што доспеваат во текот на 2027 година , меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година. Пратениците од опозицијата со критики.

Во 2027 ќе се модернизира патната и железничката инфраструктура, меѓу кои Коридорите 8 и 10-Д, ќе има повеќе пари за образованието, енергетиката и комуналните проекти, а владејачкото мнозинство во одбрана на проекциите.

Влада в година очекува економски раст од 3,8% и инфлација од 3,2%. Потоа и раст на бројот на вработени на 1,2%, како и зголемувањето на просечната нето-плата на 6,7%.

За Предлог-буџетот за 2027 поднесени се над 300 амандмани.

Борис Грујоски