Здравство

Дијабетесот често се открива предоцна

13.11.2026 20:05

Во превентивната акција на младите лекари, кај 25 од 145 граѓани бил откриен дијабетес. Надлежните предупредуваат дека нелекуваната болест може да предизвика сериозни кардиоваскуларни и бубрежни компликации.

Во акцијата на младите лекари за мерење на шеќерот во крвта, од 145 граѓани на кои им е направена анализа, 25 имале дијабетес, а не знаеле. Директорот на Клиниката за ендокринологија вели дека во 50 проценти од компликациите причина е тип 2 дијабетес, за кој пациентите дознаваат предоцна.

Високата гликемија да не се игнорира. Затоа третираме компликации, вели министерот за здравство Клековски. Со новата терапија треба да се избегнат тешки нефролошки и кардиолошки здравствени проблеми кај пациентите со дијабетес. А според него, за превенција на дијабетес има едноставна мерка и се вика мерење на телесната тежина.

Министерот смета дека мерењето на шеќерот во крвта е најбитно. Пациентите со тип 1 би требало да имаат сензори, но државата обезбедува 800 само за младите до 26 години.

Кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар, бубрежна слабост, оштетување на крвните садови и нервите се јавуваат како последица на дијабетес. Годишно умираат 1.000 луѓе. Во земјава има 135.000 регистрирани пациенти, од нив 44.000 се на инсулинска терапија.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски