Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
14.11.2026 09:32
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
