Одбележување

Светски ден на дијабетесот

14.11.2026 09:51

По повод Светскиот ден на дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) во Скопје ќе одржи Национален форум на тема „Дијабетесот во Македонија – од приоритети до конкретни решенија“, посветен на унапредување на здравствената грижа и подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес...

Денеска е 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Целта е да се информира јавноста за ризиците, симптомите, можностите за превенција и значењето на навременото откривање и лекување.

По повод Светскиот ден на дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) во Скопје ќе одржи Национален форум на тема „Дијабетесот во Македонија – од приоритети до конкретни решенија“, посветен на унапредување на здравствената грижа и подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес.

Целта на форумот е да поттикне отворен дијалог меѓу институциите, здравствените професионалци и пациентските организации за утврдување на приоритетите и дефинирање конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес.