Се сее пченицата, ниската откупна цена ги намали површините
Идеални се условите за есенската сеидба. Но, загрижува фактот дека за 15-тина проценти се намалуваат површините, а главната причина е – ниската откупна цена.

Есенската сеидба е при крај, условите се идеални, но загрижува намалениот број површини засеани со лебното зрно. За 15 до 20 проценти годинава се намалуваат површините со пченица, а главната причина е – ниската откупна цена од 9 до 10 денари за килограм.
Со ниска откупна цена, без консултација со надлежното министерство, производството на пченица за земјоделците стана неисплатливо. Државата треба да има стратегија и да интервенира во разликата меѓу откупната и реалната цена. Интервентниот фонд годинава не беше од помош.
И од Министерството потврдуваат намален број на површините со лебно зрно. Велат, има субвенции.
Годишното производство на пченица е околу 240.000, од потребните преку 300.000 тони лебно зрно.
Елизабета Митреска
