САД

Авиокомпаниите добија дозвола да продолжат со сите домашни летови во САД

14.11.2026 11:26

Претставници на администрацијата на Вашингтон вината за инцидентот ја префрлија на застарената технологија и најавија дека вакви прекини ќе се повторуваат сè додека системот не се надгради...

Американската Федерална управа за авијација им дозволи на авиокомпаниите да продолжат со летовите по неколкучасовната забрана за полетување на сите домашни летови во САД. Доцнењата и откажувањата ќе продолжат. Претставници на администрацијата на Вашингтон вината за инцидентот ја префрлија на застарената технологија и најавија дека вакви прекини ќе се повторуваат сè додека системот не се надгради.

„Имам резервен план – некој од Калифорнија може да дојде по мене, но тој е на шест часа оддалеченост, па ќе потрае долго“.

„Треба соодветно да вложуваме средства во нашата инфраструктура, во нашиот буџет. Ова е на листата веќе долго време. Отсекогаш сме го знаеле тоа“.

Во петокот беа откажани повеќе од 7.700 летови, додека над 8.000 летови доцнеа. За денеска веќе се откажани повеќе од 2.000 летови.