На Светскиот ден на дијабетесот, дијабетичарите ги испорачаа барањата
Нездравата исхрана и неактивноста се главните ризик – фактори за дијабет. Во Македонија околу 135.000 луѓе живеат со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1, а за 40.000 се проценува дека ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Современа терапија, достапна и преку Фондот, сензори и инсулински пумпи за сите до тип 1 дијабетес, но и побрзи термини кај специјалист за превенирање на можните компликации од шеќерната болест – ова се дел од барањата кои здруженијата ги испорачаа на одбележувањето на Светскиот ден.
Во Македонија околу 135.000 луѓе живеат со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1, а за 40.000 се проценува дека ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза. Нездравата исхрана и неактивноста се главните ризик – фактори.
Превенцијата бара поширок пристап, мора да се работи на ограничување на продажбата на брза храна во училиштата, но и воведување здрава и свежа храна.
Надлежните со апел до сите – да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.
Во светот, околу 589 милиони луѓе живеат со дијабетес, а 252 милиони од нив не знаат дека се болни.
Борис Грујоски
