Украина

Зеленски бара поголема брзина на „Старшилд“

14.11.2026 19:36

Зеленски открива – добиле понуда за повлекување од Донбас во замена за членство во НАТО. Побара да се укине ограничувањето на брзината на „Старшилд“ долж линијата на фронтот и на териториите окупирани од Москва. Идната недела, средба Трамп – Путин – Шји во Кина. Се очекуваат разговори за нуклеарките и Иран, но не и за Украина.

Американските преговарачи на неодамнешните мировни разговори во Абу Даби и понудиле на Украина да и го отстапи Донбас на Русија во замена за влез во НАТО. Зеленски вели немаат намера да се повлечат, но најави можност за референдум. Побара да се укине ограничувањето на брзината на „Старшилд“ долж линијата на фронтот и на териториите окупирани од Москва.

„Привремено окупираната територија на Украина е наша, наша суверена територија, а ограничувањата на брзината таму испраќаат многу, многу лош сигнал. Ова ја ограничува нашата способност да пресретнуваме беспилотни летала Шахед“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, Европската комисија и Европскиот совет, ќе го претставуваат блокот на сите идни мировни преговори помеѓу Русија и Украина, објави блокот. ЕУ вети дополнителна поддршка за Киев.

„Најдобриот начин да се натера Русија да седне на преговарачка маса е да продолжиме со поддршката за Украина и да одржуваме максимален притисок врз Русија. Токму затоа наскоро ќе го предложиме нашиот 22-ри пакет санкции“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Претседателите на САД, Кина и Русија, Трамп Путин и Шји ќе се сретнат идната недела на маргините на самитот на АПЕК во јужниот кинески град Шенжен, соопшти Белата куќа. На состанокот се очекува фокус кон намалување на нуклеарното вооружување, САД имаат намера да го покренат прашањето и за Иран, но не и за Украина.

 

Маријана Димовска