Целиот тутун ќе се откупи!
Целото договорено производство на тутун ќе биде откупено. Ваков е ставот на сите монополи. Вратите веројатно ќе бидат отворени и пред 15 декември кога почува законскиот рок на откупната кампања...

Монополите се подготвени да ги преземат договорените количества на тутун. Колку ќе тежи родот по крајот бербата сеуште не се знае.
Годинава се очекуваат скоро 25 милиони килограми тутун што е за 17 проценти помалку од 30-те милиони откупени лани. Квалитетот е послаб поради неповолните временски услови, но тутунарите се надеваат на реална проценка на класите.
Измените на Законот за тутун предвидуваат догодина да се воведе електронско евидентирање на површините и откупените количества. Со ова би требало точно да се знае колкаво е производството и колку ќе треба да се откупи.
Методија Трајков
