УНГАРИЈА
Властите во Унгарија заплениле речиси 18 милиони евра готовина, дел од постапка против поранешен министер
14.11.2026 16:14
Унгарскиот премиер Маѓар ја оцени акцијата како „официјален крај на мафијата Фидес-КДНП“, алудирајќи на поранешната владејачка коалиција на Виктор Орбан.

Властите во Унгарија заплениле речиси 18 милиони евра готовина, дел од постапката против поранешниот министер за национален развој Миклош Сештак, кој е осомничен дека примил повеќе од 33 милиони евра мито и незаконски провизии поврзани со набавка на возила за државната автобуска компанија и државни градежни проекти.
Унгарскиот премиер Маѓар ја оцени акцијата како „официјален крај на мафијата Фидес-КДНП“, алудирајќи на поранешната владејачка коалиција на Виктор Орбан.
