Исполнување на низа закони

14.11.2026 17:17

Низа закони од Реформската агенда до крајот на декември треба да бидат изгласани во Собранието, вели премиерот Христијан Мицкоски...

Низа закони од Реформската агенда до крајот на декември треба да бидат изгласани во Собранието, вели премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за закони во делот на јавната администрација, дигиталната трансформација, транспортот, енергетиката и во делот на правда. Казнениот законик и Законот за кривична постапка, исклучително важни закони за кои Брисел треба да даде зелено светло за добро подготвени. Во пакетот закони спаѓа и финансирањето на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители со кои начелно е договорено нивното финансирање скалесто да расте во следните години.

Експертите предупредуваат дека Кривичниот законик е особено важен за државата откако претходно беше девалвиран со намалување на казните во одредени кривични дела.

По две и пол години власт, успеавме да ја стабилизираме државата, вели Мицкоски.

И покрај тоа што очекува развој, шефот на Владата предупредува, не секогаш работите зависат само од нас. Развојот зависи и од состојбите во светот кои се прилично предизвикувачки.

 
Миле А. Ристески