Младите се иднината, но ги слуша ли некој денес?
И по шест години на Законот за младинско учество и младински политики, политичарите стравуваат од гласот на младите, а се крстат дека се нашата иднина. Спроведувањето на законот е незадоволително, нема младински центри, а младинските локални совети сè уште се „проформа“. Дали политичарите се плашат од гласот на младите?

Александра Стојаноска е претседателска на Прилепскиот локален младински совет. Има свои соништа, но мора да ги претстави и барањата на сите прилепски млади. Немаат свој простор, ниту младински центар, се снаоѓаат како знаат и умеат, досега само формално проследиле седница на општинските советници, а имаат многу проблеми за решавање.
ОД 80 општини, само 18 имаат младински центри, само 23 проценти од општините ги воспоставиле младинските совети, но не се функционални. Законот за младинско учество и младински политики од пред 6 години задоволително не се спроведува. Политичарите стравуваат од гласот на младите.
Младите се нашата иднина. Но, дали го имаат својот глас?
Елизабета Митреска
