Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

15.11.2026 09:12

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе достигне до околу 10 степени, додека дневните температури ќе останат релативно високи за овој период од годината.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.