Сообраќајни несреќи

Ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи

15.11.2026 10:17

Денот го иницираше британската организација за поддршка на жртвите „Роудпис“ во 1993 година, а Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи за Светски ден во 2005 година.

Секоја трета недела во ноември светот ги одбележува жртвите од сообраќајните несреќи, а оваа година тоа е 15 ноември. Денот го иницираше британската организација за поддршка на жртвите „роудпис“ во 1993 година, а Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи за Светски ден во 2005 година. ОН поставија цел бројот на загинати да се преполови до 2030 година, но повеќето земји, вклучително и оние од нашиот регион, сè уште се далеку од неа.

Македонија оваа година бележи подобри бројки отколку лани. Во првите осум месеци од 2026 година на патиштата загинале 62 лица, наспроти 96 во истиот период минатата година, што претставува намалување за повеќе од 35 отсто.

Министерството за внатрешни работи подобрувањето го поврзува со системот „Безбеден град“ и со преминот од повремени кон постојани и предвидливи контроли на брзината.