трагедија

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето на пожарот во Жданец

15.11.2026 16:40

Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен вчера, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“ во Скопје.

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна во скопската населба Жданец, по целосното гаснење на огнот во опожарената барака било пронајдено безживотно тело на машко лице. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен вчера, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“ во Скопје.

Огнот ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец, која целосно изгорела. Во гаснењето интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, со 19 пожарникари и седум противпожарни возила. По локализирањето и целосното гаснење на пожарот, во објектот било пронајдено телото на починатиот маж.

МВР работи на расчистување на причините.