Филе: Земјите членки на ЕУ да сфатат дека се одговорни за проширувањето
На 8-ми октомври, Комисијата ќе ги издаде следните прогрес-извештаи за проширувањето...

Проширувањето не е на авто- пилот, земјите членки на ЕУ да сфатат дека се одговорни за него, да видат дека процесот е кредибилен, и да дозволат да се навлезе подлабоко во интеграцијата. Порака од еврокомесарот Штефан Филе, пред најновите прогрес извештаи на Европската комисија, последни од неговиот мандат на функцијата.
На 8-ми октомври, Комисијата ќе ги издаде следните прогрес-извештаи за проширувањето. Тоа ќе биде петтиот и последен прогрес-извештај за мене. Секој од нив беше посебен, а овој ќе биде посебно специјален оти ќе има три работи: проширување, земјите-членки и кандидатите за членство, констатира Филе.
Филе вели дека Комисијата започнала да гради нови столбови на политиката на проширување, покредибилна политика која се однесува најпрво на основите.
Во однос на кандидатите и аспирантските земји за членство во големото европско друштво, еврокомесарот потенцира дека претстојните прогрес-извештаи се придонес во борбата не само со заморот од проширувањето, туку и со заморот од спроведување на реформи.
