достигнување

Д-р Сашко Кедев во Гинисовата книга на рекорди

15.11.2026 19:53

Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули минатата година со искачувањето на Гашербрум во Пакистан...

Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој освоил 14 планински врвови во светот и стигнал до највисоката точка од над осум илјади метри. Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули минатата година со искачувањето на Гашербрум во Пакистан. 

Кедев е првиот Македонец со вакво достигнување што го призна Гинис.