Култура

Изложбата „Мал формат / МиниАртура“ вечерва се отвора во КИЦ

16.11.2026 11:27

Изложбата ќе биде отворена вечерва, 16 ноември, со почеток во 20:30 часот. Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 64 дела од 37 автори, додека во „МиниАртура“ ќе учествуваат 27 автори со 47 дела.

Делата на вкупно 64 автори ќе бидат претставени на изложбата „Мал формат / МиниАртура“, што вечерва ќе биде отворена во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена вечерва, 16 ноември, со почеток во 20:30 часот. Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 64 дела од 37 автори, додека во „МиниАртура“ ќе учествуваат 27 автори со 47 дела.

Од ДЛУМ посочуваат дека концептот „Мал формат“ го става во фокус уметничкото дело со ограничени димензии, но со широк простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува поголема концентрација на ликовниот израз и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја и форма.

Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска, истакнува дека изложбата обединува различни авторски пристапи, техники и уметнички поетики, потврдувајќи дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност.

„МиниАртура“, пак, ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. Според Манева-Чупоска, минијатурниот формат отвора можности за суптилен и концентриран визуелен израз, при што малата димензија не ја определува содржинската и естетската вредност на делото.

Со двете изложбени целини се претставува разновидноста на современото ликовно творештво и различните можности за уметничко изразување во мал формат.