Свет

Украина ги повика европските земји да ги затвора границите со Русија

16.11.2026 10:22

Украина ги повика европските земји да го следат примерот на Естонија, која од 1-ви декември ги затвора границите со Русија, по обидот за саботажа во фабрика за дронови, за кој Талин ја обвинува руската разузнавачка служба. Осум лица се приведени.

Украина ги повика европските земји да го следат примерот на Естонија, која од 1-ви декември ги затвора границите со Русија, по обидот за саботажа во фабрика за дронови, за кој Талин ја обвинува руската разузнавачка служба. Осум лица се приведени.

„Од почетокот на декември целосно ќе ги затвориме сите наши патни гранични премини со Русија“, нагласи Игор Таро, министер за внатрешни работи на Естонија.

Москва засега не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, Зеленски бара дополнителна воена помош и ракети за системите „Патриот“ и „НАСАМС“, предупредувајќи на нови руски напади.

„Состанокот во Рамштајн мора да испрати силен сигнал до Русија дека Украина нема да остане без поддршка“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски најави и состанок на Коалицијата на подготвените во Берлин за усогласување на европската позиција во мировните преговори. Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел разговараат за дополнителна помош за Киев и нови санкции за Москва.

„Русија ги повторува истите барања што ги постави во 2021 година, а сега додава и нови. Тоа е јасен изговор за продолжување на војната. Русија е агресорот и токму од неа мора да се бараат отстапки за да се постигне праведен и траен мир во Украина и Европа“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика.