Трамп разгледува нови напади врз Иран
Нова ескалација на Блискиот Исток. САД испраќаат трет носач на авиони во регионот. Поради иранските закани, тројцата високи функционери Рубио, Хегсет и Бесент се преместени во воена база.

Нова ескалација на Блискиот Исток. САД испраќаат трет носач на авиони во регионот, додека Трамп разгледува нови напади врз Иран. Поради иранските закани, тројцата високи функционери Рубио, Хегсет и Бесент се преместени во воена база. Во истовреме, Иран јавува за нови експлозии во Ормускиот теснец откако танкери налетале на мини.
Тензиите се зголемуваат по нападите врз американската база во Бахреин и цели во Ријад, за кои одговорност презедоа Иран и Хутите.
Во меѓувреме, силите поддржани од Саудиска Арабија се повлекоа од стратешкиот теснец Баб ал-Мандаб во Јемен оставајќи го клучниот поморски теснец повторно под контрола на Хутите.
