Продолжува тридневниот самит на АСЕАН во Манила
Лидерите ќе разговараат и со претставници на Кина, Австралија и Јужна Кореја. На самитот присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во Манила продолжува тридневниот самит на АСЕАН, со фокус на регионалната безбедност, економската соработка и војната во Мјанмар. Лидерите ќе разговараат и со претставници на Кина, Австралија и Јужна Кореја. На самитот присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Утре пристигнува и американскиот претседател Трамп, кој ќе се сретне со филипинскиот претседател Маркос, пред да замине на самитот на АПЕК во Кина в четврток на средби со кинескиот и рускиот претседател Џјинпинг и Путин. Тоа ќе биде прва заедничка средба на тројцата лидери, во време на зголемени тензии околу војната во Украина, Блискиот Исток и трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг..
