Култура

Soundscape Trio вечерва со концерт „Меѓу насмевките и солзите“ на „Есенски музички свечености“

16.11.2026 16:13

Триото го сочинуваат кларинетистот Андрија Минчиќ, фаготистот Тадија Минчиќ и пијанистот Никола Цветковиќ, уметници обединети од посветеноста на камерната музика и истражувањето на нејзините звучни и изразни можности.

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува вечерва со концертот „Меѓу насмевките и солзите“ на камерниот состав Soundscape Trio. Настапот ќе се одржи во 20 часот во Салонот 19'19 при Културно-информативниот центар во Скопје.

Триото го сочинуваат кларинетистот Андрија Минчиќ, фаготистот Тадија Минчиќ и пијанистот Никола Цветковиќ, уметници обединети од посветеноста на камерната музика и истражувањето на нејзините звучни и изразни можности.

Нивната уметничка соработка се темели на спојот на индивидуалните изведувачки квалитети, камерната комуникација и богатото меѓународно концертно искуство.

Членовите на триото имаат настапувано на концертни сцени во Европа и во светот, соработувале со реномирани оркестри и активно се посветени на камерното музицирање и музичката педагогија.

Концертот е дел од 27. издание на „Есенски музички свечености“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.