Тајланд
Голем пожар на тајландскиот туристички остров Пукет, загинаа 11 луѓе
16.11.2026 12:24
Огнот зафатил неколку продавници и соседна станбена зграда, а бил ставен под контрола по два часа...

Единаесет лица загинаа во пожар во комерцијален објект во Патонг, на островот Пукет.
Пожарот избувнал утрово, околу 3:17 часот по локално време. Огнот зафатил неколку продавници и соседна станбена зграда, а бил ставен под контрола по два часа.
Причината за пожарот се истражува.
