Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман – во фокусот европската перспектива и реформите
На средбата се разговарало за европската перспектива на Македонија, напредокот во реформите и следните чекори во пристапниот процес кон Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел се сретна со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Герт Јан Копман.
На средбата се разговарало за европската перспектива на Македонија, напредокот во реформите и следните чекори во пристапниот процес кон Европската Унија.
По средбата, Мицкоски во објава на социјалните мрежи порача дека определбата на земјата за членство во Европската Унија останува јасна и недвосмислена.
Tој истакна дека Македонија заслужува европска иднина заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.
Премиерот посочи дека Владата продолжува со активностите за исполнување на реформската агенда и спроведување на политиките насочени кон европска интеграција.
Мицкоски најави продолжување на активностите за, како што наведе, изградба на европска, стабилна и просперитетна Македонија.
