МВР
Претреси во Неготино и неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
16.11.2026 13:07
Вчера во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.Д.(45) од село Дуброво, неготинско и Б.М.(26) од Неготино.

Вчера во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.Д.(45) од село Дуброво, неготинско и Б.М.(26) од Неготино, соопштија од МВР.
По издадени судски наредби од Основен суд Кавадарци, биле извршени претреси во нивните домови и помошни простории, при што во домот на Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а во домот на Б.М. биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението..
