ЦУК

Пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна во Мариово

16.11.2026 15:24

Од Центарот за управување со кризи информираат дека планинарот исчезнал вчера попладне, откако паднал и ја изгубил свеста. Во 16:47 часот успеал да се јави на бројот за итни случаи 112, барајќи помош за утврдување на неговата точна локација.

По повеќечасовна потрага, утрово во селото Кален во Мариовскиот регион е пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на селото Лениште, во општина Прилеп. Во потрагата беа вклучени полицијата, противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека планинарот исчезнал вчера попладне, откако паднал и ја изгубил свеста. Во 16:47 часот успеал да се јави на бројот за итни случаи 112, барајќи помош за утврдување на неговата точна локација. Посочил дека се наоѓа помеѓу селото Лениште и манастирот над селото.

Во дополнителен телефонски разговор, во 17:10 часот, тој информирал дека се движи кон Лениште, но дека батеријата на мобилниот телефон му е при крај. До 18:30 часот не бил пронајден, а телефонот веќе бил исклучен.

Потрагата била интензивирана со дополнителни полициски службеници и екипа на Територијалната противпожарна единица од Прилеп. Во акцијата учествувале и Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Планинарот бил пронајден утрово во 10:15 часот во селото Кален. По пронаоѓањето, екипа на граничната полиција се упатила на терен за безбедно да го преземе и да го донесе.